Lifestyle
Истражување за расположението на туристите во Црна Гора
04.04.2024г.
Стариот дел на Котор е најпривлечен за повозрасните туристи
Висок процент на гостите во Црна Гора или 94,4 отсто од нив би ја препорачале оваа земја како туристичка дестинација. Туристите дале оцена 4 и повеќе за голем број од факторите на понуда во оваа земја, како што се природната убавина, личната сигурност, комфорот, сместувањето, гостопримливоста и квалитетот на сместувањето. Ова се резултатите од истражувањето за ставовите и барањата на туристите во Црна Гора, кое беше спроведено од Националната туристичка организација на ЦГ, спроведено во периодот од јули октомври минатата година.
- Истражувањето покажа дека Црна Гора е дестинација на која туристите со задоволство се враќаат. Покрај ова идентификувани се областите во кои се потребни подобрувања посебно во сообраќајот и инфраструктурата, изјави Владимир Раичевиќ, извршниот директор на компанијата ИПСОС, која го спродведе ова истражување.
Како најпривлечно место за посета туристите го посочиле Стариот дел на Котор, кое е и најпосетено место на црногорското приморје со 17,4 отсто. Котор е најинтересен за туристите на возраст меѓу 63 и 78 годнини, објави весникот „Вјести“.