Lifestyle
Намалување на продажбата на електрични автомобили во Германија
04.04.2024г.
Во Германија во март се продадени 264 илјади нови автомобили, што е намалување за 6,2 отсто споредено со истиот месец лани, објави денеска Сојузниот завод за моторни возила КБА. Намалувањето на продажбата на автомобили е поради укинувањето на државните субвенции за купување на електрични автомобили. Продажбата на новите електрични возила е намалена за речиси 29 отсто, пренесува агенцијата АФП.
Наспроти намалениот број на регистрации на нови електрични автомобили, германскиот министер за сообраќај Волкер Висинг е оптимист во однос на продажбата на еколошките возила. Тој во изјава за јавниот телевизиски сервис ЗДФ рече дека германската влада продолжува со остварување на целта до 2030 година на домашните патишта да има најмалку 15 милиони електрични автомобили.
- Одржувањето на пазарот со автомобили преку субенционирањето не е трајно решение. Производителите на автомобили мораат да понудат и атрактивни ценовни политики, изјави Висинг, пренесе Сеебиз.
фото freepic