Lifestyle

Кина е најголемиот светски производител на возила

Минатата година во светот се произведени 93.546.599 автомобили и лесни комерцијални возила, кои се произведени во 39 земји. Најголем светски производител е Кина со 30,1 милиоини  возила. На второ место се САД со 10,6 милиоини  возила. Трета е Јапонија со произведени 8,9 милиоини возила. Земји каде се произведени повеќе од еден милион возила се Индија (5,8 милиони), Јужна Кореја (4,2 милиони), Германија (само 4.1 милиони  патнички возила), Мексико (4 милиони), Шпанија (2,4 милиоини), Бразил (2,3 милиоини), Тајланд (1.8 милиоини ), Канада (1.5 милиоини ), Франција (1.5 милиоини), Турција (1.4 милиоини ), Чешка (1.4 милиоини ), Индонезија (1.3 милиоини), како и Словачка и Велика Британија со еден милион возила покажуваат податоците на Српската асоцијација на увозници на возила добиени од Меѓународната организација на производители на моторни возила (OICA).

Други земји производители, кои не се членки на OICA произведоа вкупно два милиони возила. Во 2022 година, во светот беа произведени 84.830.376 возила. Во Европа во 2023 година се произведени 18.122.449 возила.


 

фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано