Lifestyle
Во Шпанија се побројни се протестите против туристите
17.04.2024г.
Локалното население во познатите одморалишта во Шпанија се повеќе се приклучуваат на „антитуристичко“ движење кое има за цел да се изврши притисок врз властите за да го спречат ширењето на масовниот туризам во земјата.
Собирајќи се под слоганот „Канарите имаат лимит“ група граѓани на овој шпански архипелаг организираат протести за да ја спречат изградбата на два нови хотели на Тенерифе, кој е најголем и најразвиен остров. Минатата година оваа дестинација ја посетиле 16 милиони туристи, а локалното население брои 2,2 милиони жители.
- Нашите острови се богатство кое мора да го браниме. Имаме ограничени ресурси и сегашниот модел на развој на туризмот е самоубиствен, изјави Виктор Мартин, активист за заштита на Канарските Острови.
Во Малага каде е се наоѓа познатата песочна плажа Коста дел Сол се појавија плакати и графити: „Ова некогаш беше наш дом“ и „Одете си дома“. Активистите во Барселона и на Балеарските Острови на влезовите на некои од популарните плажи поставиле предупредувачки огласи „опасност од медузи“ и сл.
Локалните жители се жалат на недостиг од станбен простор поради високите цени за изнајмување за краткорочно изнајмување од туристите. Граѓаните реагираат и на зголеменото загадување на околината. Во Каталонија во февруари прогласи вонредна состојба поради сушата и затоа расте и незадовослтвото на жителите поради недостиг на вода, пренесува „Капитал.ба“.
фото freepic