Lifestyle

Минатата година во Виена се движеле дванаесет милиони велосипеди

Минатата година околу 74 отсто од граѓаните на Виена користеле јавен превоз, возеле велосипед или пешачеле наместо да возат автомобил. Девет од десет граѓани повремено користеле јавен превоз, а 32 отсто секој ден патуваат со јавен превоз. Околу 30 отсто од граѓаните повеќе практикуваат пешачење, а десет отсто возат велосипед, соопштија од Градската канцеларија на Виена, при нивното претставувањето  во Сараево.  

 

Во последните триесет години во Виена се забележува постојано намалување на користењето на автомобили. Во 2019 година седум отсто од граѓаните користеле велосипед, а минатата година достигнал десет отсто. Минатата година во Виена се регистрирани дванаесет милиони велосипеди или зголемување за три отсто од 2022 година. Во 2023 година градските власти вложиле 35 милиони евра во инфраструктура за велосипеди. Годинава ќе бидат изградени дополнителни 20 километри патеки за велосипеди, пренесува „Бизнис.ба“.


 

 

фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано