Lifestyle

Пиварниците во светот очекуваат поголеми приходи

Летните спортски настани ќе ја зголемат продажбата на пивото

Продажбата на пиво годинава ќе биде зголемена  и пиварниците очекуваат раст на приходите поради одржувањето на летните спортски настани. Во јуни почува европското првенство во фудбал, а во јули се одржуваат Олимписките игри во Париз. Доколку временските прилики се помалку екстремни од минатото лето спортските настани можат да ја поттикнат продажбата и во традиционалните региони во кои се консумира пивото, како што е западна Европа. Производителите на пиво очекуваат и зголемена продажба на пазарите во развој, посебно во Азија, пренесува „Сеебиз“.

Во изминатите години пиварниците во светот имаа повисоки приходи поради повисоките цени заради покривање на зголемените трошоци на суровините, како што е јачменот и алуминиумот кој се користи за пакување на пивото. Сега, трошоците на производството  се стабилизирани и не се очекуваат поголеми поскапувања.

      Во изминатите две години зголемените трошоци беа главна причина за растот на приходите на пиварниците. Се надеваме дека сега тоа ќе биде од зголемениот обем на продажба, изјави Берндт Маиш, управител на фондот „Тресидес асет менаџмент“.


 

фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано