Lifestyle
Јапонците се почесто даваат отказ преку агенции
13.05.2024г.
Незадоволните работници во Јапонија се повеќе поднесуваат отказ со посредство на специјализирани агенции. Последните години во Јапонија користењето на услугите на агенциите кои во име на работниците поднесуваат отказ станале се популарни. Причината за тоа е што на работниците овој начин им озвоможува побрзо напуштање на компанијата, во случај да го поднесат отказот лично, а воедно да го избегнат вознемирувањето на работното место или да избегнат неповолна работна атмосфера.
Меѓу најчестите причини поради кои работниците даваат отказе односот на нивните претпоставени или тоа што се ангажирани на определено време, пренесува „Танјуг“.
Најголем број на корисници се млади работници на возраст меѓу 20 и 30 години, кои се 60 отсто од корисниците на услугите на агенциите.
Во последните години повеќе од 100 агенции се отворени во Јапонија ,а цената на нивните услуги се движи од 120 до 300 евра. Високата стапка на флуктуација на работници е поттикната од недостигот на работна сила, поради стареењето на нацијата, како и на неусогласеноста меѓу очекувањата на младите работници и сатриот модел на делување на јапонските компании, пренесува „Бизнисинфо.ба“.
фото freepic