Lifestyle

Бескрајни можности со функциите на Galaxy AI вештачката интелигенција кај новиот Galaxy S24 телефон

Последната серија Galaxy S24 на премиум телефони на Samsung донесе иновации кои ја зголемуваат вашата продуктивност и можностите за комуникација на уште повисоко ниво и овозможуваат ново и уникатно мобилно искуство во поглед на функциите со вештачка интелигенција, насочени кон подобрување на брзото и динамично секојдневие кое сите го живееме.  

Да го земеме за пример, стандардниот модел  Galaxy S24, и што можат ВИ функциите за сторат за вас:

Основната задача на секој телефон е разговорот, односно комуникацијата, за што функцијата Chat Assist (Помош за разговор) ќе ви овозможи превод на пораки, е-пошта и друга содржина во реално време, но и ви помага да го усовршите тонот на разговорот, за комуникацијата да звучи попрофесионално! Сега можете да одговорите на порака на вашиот јазик која автоматски ќе биде преведена за другата страна. Понатаму, запишувањето на вашите мисли или правење список со задачи во вашиот Galaxy S24, сега е навистина олеснето со опцијата Note Assist (Помош за белешки) која ги скратува записите и го обликува текстот. Благодарение на вештачката интелигенција, вашиот екран станува организиран и лесен за прегледување. За гласовни снимки, опцијата Transcript Assist (Помош за транскрипција) користи „говор во текст“ за транскрипција, сумирање, па дури и преведување на снимките на други јазици.  Создаден да ја направи вашата секојдневна интеракција со вашиот паметен телефон неверојатно интуитивна и исполнета, ако мораме да истакнеме една од функциите кои на корисниците на Galaxy S24 особено им се допадна, тогаш тоа е дефинитивно функцијата  Circle to Search (Пребарување со заокружување).

Како Circle to Search ќе стане и ваша омилена функција?

Едноставно, бидејќи со едно кружно движење на екранот на Galaxy S24, ги добивате информациите кои ви се потребни, не само за оние работи кои г гледате на телефонот, туку и наоколу – направете слика, заокружете и инфомациите генерирани од Google се пред вас. Совршен асистент кога патувате, кој во голема мера може да го замени туристичкиот водич, информирајќи ве за сите знаменитости кои ги гледате, а ве интересираат повеќе. Истото се однесува, не само за препознавање на објекти на слики и генерирање на нивни податоци, туку и за зборови – заокружениот збор ќе го препознае ВИ во функцијата Circle to Searchи за секунда ќе ве информира.  

Бескрајни можности за вашите фотографии и видеа

Системот од камери на Galaxy S24 навистина поставува нови стандарди, особено благодарение на обработката со вештачка интелигенција која гарантира максимален квалитет на сликата секогаш кога ќе го допрете копчето за слика: го подобрува тонот на бојата, го намалува шумот и ги покажува деталите подобро од кога било досега. Технологијата Galaxy ProVisual Engine го револуционизира начинот на кој правите фотографии и видеа, намалувајќи ги заматените, пикселирани фотографии кои можат да не ги овековечат посебните моменти на начин на кој вие сакате! Овие фантастични уреди ќе ве придружуваат дури и при вечерните излегувања, благодарение на можностите на Nightography камерата, која обезбедува брилијантни и јасни резултати во сите услови. Не дозволувајте големата далечина да ве попречи да снимите важни моменти! Од живописни до специфични моменти, опцијата Zoom нуди импресивен зум, додека вештачката интелигенција ги подобрува деталите во секој момент, ја стабилизира снимката и спречува заматени слики. И дополнително, на располагање ви се и ефекти кои можете да ги искористите за вашите содржини, како на пример забавено движење во видеата кои ги снимате.

 

Без грижи за сигурноста на податоците!

Заштитен од Samsung Knox, повеќеслојната одбранбена безбедносна платформа, Galaxy S24 ги чува вашите доверливи информации безбедни и штити од пропусти со шифрирање користејќи целосно безбеден хардвер за откривање закани во реално време и споделена заштита. Корисниците имаат целосна контрола врз нивните податоци преку напредни поставки кои можат да ја оневозможат онлајн обработката на податоци за функциите на вештачка интелигенција.

Со оваа серија на премиум телефони дојдоа и новите ВИ функции означувајќи го почетокот на мобилното искуство со вештачка интелигенција. Но, со ажурирање на најновиот One UI 6.1 овие функции се достапни и за корисните на одредени Samsung Galaxy  телефони од претходните серии како S23, последната серија на телефони на преклоп Flip5 и Fold5, како и таблетите од Galaxy Tab S9 серијата. Набргу се очекува во ова друштво да влезат и телефоните од сериите Galaxy S22 и преклопливите Flip4 и Fold4. А за оние кои користат сосема други телефони, Samsung ги изненади со апликацијата Try Galaxy, со која ќе им биде овозможено да видат како изгледа најновото Galaxy искуство, при што ќе можат и да ги запознаат и тестираат најновите ВИ функции. Samsung мисли на сите, и во континуитет го докажува тоа!

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано