Lifestyle
Фудбалската еуфорија го подобри расположението кај германските потрошувачи!
24.07.2024
Расположението на германските потрошувачи се зголемува и се наоѓа на највисоко ниво од април 2022 година. Вредноста на индексот на потрошувачкото расположение во прогнозата за август е зголемена од минус 21,6 поени на минус 18,4 поени, се наведува во заклучокот на истражувањето на германската агенција за истражување на пазарот ГфК и Институтот за пазарни одлуки во Нирнберг (НИМ).
- Потрошувачите се подобро расположени затоа што се очекуваат поголеми приходи во иднината, но на растот на оптимизмот влијаеше и еуфоријата од Европското првенство во фудбал кое се одржа во Германија. Нејасно е дали овој пораст на расположението на потрошувачите е одржлив или претставува само краткорочно подобрување, објаснува Ролф Биркл, експерт за потрошувачи во НИМ.
Подиндексот кој ги мери очекувањата за приходите на месечно ниво се зголеми за 11,5 поени на 19,7 поени, а тоа е најдобра вредност од октомври 2021 година. Вредноста на подиндексот кој го мери подготвеноста за купување изнесува минус 8,4 отсто, што претставува пораст за 4,6 поени во споредба со претходниот месец.
Германските потрошувачи очекуваат дека економското заздравување на земјата годинава ќе биде бавно и постепено, пренесува „Политика“.
фото freepic