Lifestyle

Патувањето со речните крузери станува попривлечно и влијае на развојот на туризмот во Србија

Во првите шест месеци годинава бројот на патници во бродскиот сообраќај на реките во Србија е зголемен за 16,3 отсто, а товарниот бродски превоз за 0,6 отсто, соопштија од Агенцијата за управување на пристаништата.

Во меѓународниот патнички сообраќај, за прв пат годинава се забележани 630 пристанувања на речни крузери на пристаништата во Србија и  превезени се 88.525 патници. Ова е за 6,6 отсто повеќе застанувања и за 16,3 отсто повеќе превезени патници во однос на истиот период лани.

Во Белград се остварени 249 пристанувања на бродови, во Нови Сад 176, во Долни Милановац 111... Во досегашната речна крузер сезона најмногу патници биле регистрирани на пристаништето во Белград или 35.018 туристи. Според најавите за годинашната наутичка сезона, се очекува до крајот на годината бројот на пристигнувањата на крузерите да се зголеми за пет отсто, а бројот на патници за 20 отсто во однос на 2023 година. Во Србија ќе се остварат 1.470 пристанувања на речните крузери со повеќе од 200 илјади туристи, пренесува РТВ.

Во речниот бродски товарен сообраќај во Србија најголем раст има кај транспортот на житарици и годинава се превезени 939 илјади тони, за осум отсто повеќе во однос на минатата година.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано