За живот на едно лице во „најевтините“ американски држави е потребен годишен приход од околу 40.000 долари за покривање на основните трошоци, наведува анализата на компанијата за финансиски технологии „Смарт Асет“.
Според овие пресметки, американската држава со најниски трошоци за живот е Западна Вирџинија, следат Арканзас и Оклахома, пренесува ЦНБЦ.
За домаќинство со еден член во Западна Вирџинија е потребен приход од 39.386 долари за покривање на трошоците за стан, превоз, здравствена заштита, даноци и други трошоци. Во Арканзас оваа сума достигнува 39.724 долари, во Оклахома 40.211, во Северна Дакота 40.262 долари и во Кентаки 40.355 долари.
Просечната американска годишна плата за работник со полно работно време е речиси 60.000 долари, објави Бирото за статистика на трудот во САД. Меѓутоа, има многу работници со минимална плата во „најевитните“ американски држави, кои заостануваат зад просечната плата. На пример, вкупниот годишен приход за овие граѓани во Западна Вирџинија изнесува само 18.200 долари, пренесува „Бизнис.ба“.
фото freepic