Lifestyle

Пазарот на криптовалути во слободен пад

Вредноста на пазарот на криптовалути во неделата забележа значителен пад бидејќи инвеститорите продолжија да продаваат, а вкупната вредност на падот изнесува 270 милијарди долари. Намалувањето на криптовалутите беше поттикнат од намалување на вредноста на биткоинот за 11 отсто во последните 24 часа и на етер за 21 отсто.

Вредноста на биткоинот е на најниско ниво од февруари годинава. Најтргуваната криптовалута во светот се продава за 54.000 долари. Сепак, нејзината вредност оваа година има раст од 23 отсто. Цената на етерот се намали на околу 2.300 долари  и ги избриша своите добивки за годинава. Распородажбата на крипто пазарите се поклопи со падот на акциите на азиско-пацифичките пазари.  пренесува „Сеебиз“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано