Lifestyle
ПО ПЕНЗИОНИРАЊЕТО ПОЛОВИНА ВОЗРАСНИ ВРАБОТЕНИ ВО ГЕРМАНИЈА ЌЕ ПРОДОЛЖАТ СО РАБОТА, причина се парите и потребата од контакти со луѓе
13.08.2024
Повеќето од половина вработени во Германија, на возраст над 50 години, се подготвени да работат по исполнувањето на условите за пензија. За оваа опција се изјасниле над 53 отсто од учесниците во анкетата на кариерната мрежа Хing.
Како причина за продолжувањето на работниот век по нивното пензионирање биле наведени парите, но и потребата од контакт со луѓето и чувството на лична исполнетост.
Повеќе од 62 отсто од анкетираните изјавиле дека би можеле да работат и во постарата возраст. Но, за 34 отсто од нив е прифатливо е неделно работно време од 11 до 20 работн и часа, а за 25 отсто се одлучиле за работно време од шест до 10 часа, пренесува ДПА.
Околу 17 отсто од германските пензионери би избрале од 21 до 30 работни часа неделно, а 12 отсто од нив би се согласиле и за полно работно време.
До 2035 година на пазарот на труд во Германија ќе недостасува најмалку 1.000 вработени за еден работен ден, а тоа ќе создаде проблем за многу компании и дејности во германската економија. За онлајн истражувањето биле анкетирани 1.000 луѓе од репрезентативен примерок од цела Германија, пренесе Б92.
фото freepic