Lifestyle

КОМПЛЕТ ОД НОВИТЕ БРИТАНСКИ БАНКНОТИ СО ЛИКОТ НА КРАЛОТ ЧАРЛС ПРОДАДЕНИ ЗА 914.127 ФУНТИ, приходот од аукцијата е наменет за хуманитарни цели

Комплет од банкноти издадени во британската валута со портретот на кралот Чарлс III е продаден на аукција за 914.127 фунти (1,17 милиони долари), кои ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Банкнотите со вредност од 78.000 фунти, кои се меѓу првите издадени со портретот на новиот крал на Велика Британија, се пуштени во оптек во јуни годинава. Банкнотите се во апоени од 5, 10, 20 и 50 фунти. Еден комплет од банкнотите со вредност од 50 фунти, се продадени за 26.000 фунти, и го надмина досегашниот рекорд на продадени банкноти од Банката на Англија, пренесува „Индекс“.

На аукцијата  за една банкнота со апоени од 10 фунти се платени  17.000 фунти, а носи сериски број HB01 00002. Колекционерите бараат банкноти со најнизок можен сериски број, што поблиску до 00001 и се подготвени да платат  за нив многу повисоки износи.

Банката на Англија почна со издавање на пари во 17 век. Но, покојната кралица Елизабета II е првиот британски монарх , чиј портрет во 1960 година , е отпечатен на банкнотата со апоен од 1 фунта.


Foto: Profimedia

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано