Lifestyle

САРАЕВСКИОТ ЌЕБАП СТАНУВА ЗАШТИТЕН БРЕНД НА БиХ, градоначалничката на Сараево најави заштита и на сомунот

Сараевскиот ќебап официјално е заштитен како автохтон бренд и посебен производ на Босна и Херцеговина. Ова го потврди градоначалничката на Сараево, Бенијамина Кариќ, на прес-конференција во градското собрание, најавувајќи дека наскоро ќе следи и заштита на сараевскиот сомун.

- Пред две години започнавме процес на заштита на ќебапот. Ќе продолжиме да работиме на заштита на автохтони домашни производи. Тој сега е заштитен како бренд и како посебен традиционален производ на БиХ, нагласи Кариќ.

Таа додаде дека после заштитата на ќебапите како бренд, следи и заштитата на ќебапите во ЕУ. - Можеме да објавиме дека по заштитата на ќебапите, ќе тргнеме во акција за заштита на сараевскиот сомун“, посочи Кариќ.

 Ако сте дошле во Сараево и не сте пробале ќебапи, не можете да го напуштите градот, додаде Кариќ, повикувајќи ги граѓаните вечер на дегустација на 3.000 ќебапи пред џамијата во Башчаршија.


 

Извор и фото МИА 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано