Lifestyle
КОИ СЕ НАЈДОБРИТЕ 10 МЕСТА ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЕВРОПА, Монако за одржливи бизниси, Мадеира за крипто вложувања...
19.08.2024
Монако, Париз, Милано, Мадеира... се градовите кои се наоѓаат на листата на „10 најдобри дестинации за инвестирање во Европа“, која ја состави организацијата Европски најдобри дестинации (ЕБД). При рангирањето на градовите се земени неколку критериуми: даночните поволности, цените за квадратен метар, број на сончеви денови, близина на универзитетите, аеродромите и инфраструктурата за транспорт, зелена површина на квадратен метар, како и индексот за претприемничка слобода.
Монако има најсигурно инвестициско опкружување и овој град е најдобар за одржливи бизниси, инвестиции во недвижности, за луксузна индустрија и поврзаноста со меѓународните пазари.
Женева, Швајцарија, е најдобра за инвестиции во науката. Ова место е најдобро за науката за животната средина, финансиските услуги, биотехнологијата и фармацијата.
Батуми, Грузија, најдобро место за инвестиции во туризмот, поради ниските даноци, либерализираната економија и пристапни цени на недвижностите.
Ница, Франција, е најдобро место за инвестиции во недвижности, угостителството, организирање на настани и сезонски изнајмување на објекти, поради поволните кирии за објекти на француската ривиера. Луксузен апартман со поглед на море чини три милиони евра и неделниот приход од изнајмувањето е 15.000 евра во сезона.
Мадеира, Португалија, е најдобро место за крипто вложувања и во недвижности, хотелиерство и за живот на пензионерите.
Париз, Франција, е најдобар град за стартап инвестиции и градот нуди добри услови за релаксиран живот, за инвестиции во недвижности, авиоиндустријата, електрониката, луксузната индустрија, угостителството и дизајнот.
Варшава, Полска, е најдобра за инвестиции во ИТ индустријата, поради ниските оперативни трошоци за меѓународните компании.
Ла Гомера, Канарските Острови, е најдобра за рано пензионирање, за семејно живеење и за љубителите на природата и туристичката индустрија.
Лувен, Белгија, е идеално место за инвестиции во иновации, за нови технологии и стартап фирми, биотехнологија, индустрија за храна и пијалоци. Се смета за еден од најотворените градови за прием на квалификувани работници од целиот свет.
Милано, Италија, е најдобро место за модната индустрија и финтек индустријата, за прехранбената индустрија и фармацијата, објави НИН.
фото freepic