Lifestyle

ОД ЗАБРАНА ЗА СЕЛФИ И ПРИСТАНУВАЊЕ НА КРУЗЕРИ, НАПЛАТА НА ВЛЕЗНИЦИ, ДО НАГРАДИ ЗА КЛИМАТСКИ ОДГОВОРНИ ТУРИСТИ, какви мерки применуваат познатите места како одбрана од масовниот туризам

Масовниот туризам во познатите европски летувалишта предизвика силен отпор кај локалното население, кое е се погласно против преголемите метежи во летниот период, а реагираат и на поскапувањето на становите и кириите, како и на недостигот од вода. Отпорот против туристите се зголеми по пандемијата на Ковид. Активисти од различните европски градови од Шпанија, Италија, Португалија и Грција го искажуваа своето незадоволство и на туристите отворено им порачуваа да си заминат дома. Жителите на Барцелона се жалат  дека туристите трошат повеќе вода во текот на летните месеци, што е причина за постојаните рестрикции во водоснабдувањето на градот. Во слична состојба се најде и Сицилија, која се соочува со суша ова лето.

Познатите туристички градови се борат со разни средства против прекумерниот туризам, од пропишување на строги казни за несовесните странски гости до воведување изрични забрани за движење во одредени реони.

Н1 направи преглед на најкарактеристичните мерки против преголемиот број на туристи. Така, во италијанскиот град Портофино се забранува правење селфи во централното градско подрачја. Во Рим е забрането седнување на познатите Шпански скали. Во Дубровник се забранува посета на гости од крузери, а истата мерка се применува и за грчкиот Санторини.

Во Венеција градските власти воведоа симболични влезници од пет евра, но тоа не ги исполни очекувањата на локалните жители. Градоначалникот на Барцелона најави забрана за краткороните изнајмување на станови за туристи до 2028 година. Истата мерка се применува и на Канарските Острови, во Берлин и Лисабон.

Како позитивен пример за ограничување на бројот на туристите се споменува Амстердам, кој се стекна со репутацијата на европската престолнина на забавата.  Градските власти забранија пушење на трева на јавни места и најавија и забрана на изградба на нови хотели.

Копенхаген  нуди награди за поттикнување на климатски прифатливо однесување на туристите, односно за оние кои користат велосипеди, се возат со јавен превоз или собираат ситен отпад, можат да добијат бесплатно кафе и бесплатен влез во музеј, пишува Н1.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано