Економија
ТРАМП НАЈАВУВА ГОЛЕМИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА
15.07.2025
Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе објави инвестиции во вештачка интелигенција (ВИ) и енергија во вредност од 70 милијарди долари, како дел од најновите напори на Белата куќа за забрзување на развојот на технологиите во развој, објави Блумберг, повикувајќи се на неименуван функционер од администрацијата на Трамп.
Инвестициите од голем број компании ќе вклучуваат нови центри за податоци, зголемено производство на енергија и модернизација на инфраструктурата, како и програми за обука за ВИ.
Потезите на администрацијата на Трамп имаат за цел да ги одржат конкурентноста на САД пред Кина во трката за развој на ВИ.
Се предвидува дека до 2035 година овие центри ќе покријат 8,6 проценти од вкупната побарувачка за електрична енергија во САД, што е двојно повеќе од сегашните 3,5 проценти, пренесува РТВ.
фото freepic