Економија

Во Македонија цените во земјоделството кај растителното производство во јуни пораснале за 22,2 отсто

Цените во земјоделството во јуни 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 3,2 % кај инпутот и за 18,0 % кај аутпутот, објави Државниот завод за статистика.

Индексот на цените во земјоделството во јуни 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, е 103.2 кај инпутот и 118.0 кај аутпутот.

Во јуни 2025 година, во споредба со јуни 2024 година, индексот на цените на 
инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 103.0, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 105.8.

Во делот аутпут, во јуни 2025 година, во споредба со јуни 2024 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 122.2, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 106.9.

Главни поенти

Цените во земјоделството во јуни 2025 година во однос на јуни 2024 година пораснале за:

  •  22,2 % кај растителното производство 
  • 6,9 % кај добиточното производство 

кај аутпутот,

  • 3,0 % кај тековно потрошените средства во земјоделството
  • 5,8 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството

кај инпутот.

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано