Економија

ЕУ ИМА ПЛАН КАКО ОДГОВОР НА АМЕРИКАНСКИТЕ ЦАРИНИ, на удар ќе биде компанијата која е гордост на американската индустрија

Европската Унија подготвува нов пакет одмазднички царини за американски стоки во вкупна вредност од 72 милијарди евра, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царина од 30% за целиот извоз на ЕУ од 1 август доколку не се постигне трговски договор.

Според документ што го виде Политико, најголемиот дел од царините ќе бидат за индустриски стоки  и ќе се однесуваат на извозот на амњерикански производи во вредност од  65,7 милијарди евра. Дополнителни 6,4 милијарди евра ќе ги опфатат земјоделските производи, вклучувајќи го и бурбонот вискито, и покрај силното лобирање од Франција и Ирска за исклучување на алкохолните пијалоци од листата.

Најголемата поединечна ставка на листата се американските авиони и делови за авиони, кои би биле предмет на царини во вредност од речиси 11 милијарди евра. Овој потег би можел да го погоди особено американскиот производител на авиони Боинг.

Машините, автомобилите и автоделовите, хемикалиите и пластиката, медицинската опрема, електричните уреди и другите индустриски стоки исто така би биле дополнително царинети во вкупна вредност од  неколку милијарди евра.

Во објаснувањето до членовите на ЕУ, Европската комисија наведе дека при составувањето на листата, се земени предвид неколку критериуми: потребата од „балансирање на трговските односи“ во однос на американските царини за европскиот извоз, достапноста на алтернативни извори за спорни производи во и надвор од ЕУ и проценката на ризикот дека производството може да се премести од ЕУ.

Мерките сè уште треба да бидат одобрени од земјите-членки на ЕУ за да стапат во сила, но министрите за трговија на ЕУ ја одобрија преговарачката стратегија на Комисијата, пренесува Индекс.хр.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано