Економија
ЗА КРЕДИТИРАЊЕ НА БРЗАТА ПРУГА СЕ ПРИЈАВИЛЕ 16 БАНКИ
16.07.2025
На вчерашната затворена седница на Владата се разгледа информација во однос на доставените податоци од страна на меѓународните финансиски институции и комерцијални банки за финансирање на брзата пруга и се донесе заклучок да се формира Меѓуресорска работна група во рамки на Владата.
На барањето од Министерството за финансии одговорија 16 меѓународни финансиски институции и комерцијални банки меѓу кои: Светска банка, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Италијанската развојна банка, јапонската МУФГ, британската Стандард чартерд, Банка на Америка, Ерсте банка, Сосиете женерал, Дојче банка, ЏП Морган, Сити банк, Уни кредит, Каргил и НЛБ и Рајфајзен банка.