Економија

Односот меѓу Кина и ЕУ е „важен“, но и „независен“, изјави Лајен во Пекинг по напнатиот самит со кинеското раководство

Трговските односи меѓу Кина и Европската Унија достигнаа  до „пресвртната точка“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Пекинг по напнатиот самит со кинеското раководство.

„Ја изразивме нашата загриженост искрено и отворено, за трговски, инвестициски и геополитички прашања. Делумно идентификувавме решенија“, рече фон дер Лајен на прес-конференција по средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг.

На прашањето за потенцијален трговски договор со САД,  Лајен рече дека ЕУ е фокусирана на постигнување договор, но дека сите инструменти се на маса сè додека „не се постигне задоволителен резултат“. Таа нагласи дека односот меѓу Кина и ЕУ е „важен“, но и „независен“ од односите на Европската Унија со другите актери.

Во текот на изминатата година, ЕУ воведе царини за увоз на електрични автомобили од Кина, а европските претставници предупредуваат за трговскиот дефицит со таа азиска земја, кој достигна 306 милијарди евра минатата година, пренесува Индекс.хр.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано