Економија
КИНЕСКАТА ИНДУСТРИЈА ПРОДОЛЖУВА ДА ПАЃА
28.07.2025
Кинеската индустрија забележа пад од 4,3 проценти во јуни во споредба со истиот месец минатата година, со што продолжи трендот на опаѓање од 9,1 процент во мај, објави Националното биро за статистика на Кина.
Кинеската економија забави помалку од очекуваното во вториот квартал, покажувајќи отпорност кон воведување на американските царини, објавува Ројтерс.
Царините од САД го натераа Пекинг да воведе построги регулативи за производителите на автомобили и соларни панели, каде што владееше жестока конкуренција. Во првата половина од годината, профитот се намали за 1,8 проценти, иако во периодот од јануари до мај падот изнесуваше 1,1 процент, пренесува Бизнис.рс.
фото freepic