Цените во земјоделството во јули 2025 година, споредени со цените во јули 2024 година, бележат зголемување и кај аутпутот и кај инпутот.
Во делот инпут, во јули 2025 година, во споредба со јули 2024 година, има зголемување на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) за 2.8 %, и зголемување на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) за 6.9 %.
Во делот аутпут, во јули 2025 година, во споредба со јули 2024 година, цените на растителното производство се зголемени за 39.9 %, а цените на добиточното производство се зголемени за 6.5 %.