Економија

АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ЈА ПОКАЖА СИЛИНАТА И ВО ТРЕТИОТ КВАРТАЛ

Американската економија се забележа годишна стапка на раст од 2,8 отсто во текот на третиот квартал, кој беше потикнат од силната потрошувачка и вложувањата на компаниите, објави Бирото за економски анализи на САД.

Економските показатели за периодот од јули до крајот на септември ја покажуваат силината на американската економија и покрај политиката на Федералните резерви да се држи каматната стапка на високо ниво за да намали инфлацијата.

Американската централна банка минатиот месец ја намали каматната стапка за пола процентен поен, што беше и прво намалување од 2020 година, сведувајќи ја референтната стапка на ниво од 4,75 до 5,50 отсто.

 Вкупниот обем на  најсилната економија во светот изнесува 29.400 милијарди долари, пренесува „Бизнис.рс“.


фото freepic  

 

ПРЕПОРАЧАНО