Економија

ГЕРМАНСКИОТ КАНЦЕЛАР ПОДГОТВУВА „ПАКТ ЗА ИНДУСТРИЈАТА“ ЗА ИЗЛЕЗ ОД ЕКОНОМСКАТА СТАГНАЦИЈА

Германскиот канцелар Олаф Шолц очекува предлозите од неговите состаноци со синдикалните лидери, индустриските лобисти и извршните директори на големите компании да излезат кон средината на  декември, изјави неговиот портпарол во петокот.

Претходно германскиот канцелар го свика индустрискиот самит за да ја разгледаат состојбата по стагнирањето на растот на економијата и потенцијалните отпуштања на работници од автомобилската индустрија. Шолц планира да ги продолжи состаноците со цел да предложи „пакт за индустријата“ кој ќе ја засили германската економија.

- Овој процес е сега во тек и наскоро ќе произлезат и заклучоци, најверојатно до крајот на декември, изјави портпаролот на владата Стефен Хебестреит.  

Германските партии се длабоко поделени околу нацрт буџетот за следната година. Од коалициониот партнер  Либерални слободни демократи бараат посилно кратење на буџетските раходи, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО