Бројот на невработените во Германија во октомври се зголеми за 27.000 во однос на претходниот месец. Вкупниот број на невработени во Германија изнесува 2,86 милиони лица. Стапката на невработени останува на исто ниво од 6,1 отсто, објави Федералната агенција за вработување.
Очекувањата на економистите беа дека невработеноста во октомври ќе се зголеми за 15.000 лица.
Германската економија избегна да влезе во техничка рецесија, а во третиот квартал оствари раст од 0,2 отсто, додека во вториот квартал економијата се намали за 0,3 отсто. Германија се соочува со економски проблеми посебно во производниот сектор, објави „Бизнис.ба“.
фото freepic