Економија
ДЕМОКРАТСКИ ИЛИ РЕПУБЛИКАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ - КОГА Е ПОВИСОК РАСТОТ НА ЕКОНОМИЈАТА НА САД?
03.11.2024
Инвестициите во акции на американската берза растат повеќе за време на мандатите на декомкратските претседатели на САД, отколку во времето на мандатите на републиканските претседатели, покажало истражувањето на компанијата за финансиски услуги „Charles Schwab“. Истиот тренд се однесува и растот на бруто домашниот производ (БДП), додека невработеноста на времето на домократската власт во САД се намалува.
Истражувањето кое е спроведено од споменатата компанија е направено врз основа на симулација за вложување на 10.000 долари и движењето на вредноста на берзантскиот индекс СиП 500 од 1948 година. Оваа сума до 2023 година, доколку била вложена за време на мандатите на демократските претседатели, ќе нараснала на 1,2 милиони долари. Наспроти ова, овој почетен капитал да бил вложен за време на владеењето на републиканците, тој би пораснал на 312 илјади долари, пренесува „Newsweek“.
Студијата покажува дека просечниот БДП и личната потрошувачка, со кои се следи економскиот раст, бил остварен кога во Белата куќа бил Линдон Б. Џонсон од 1963-1969 со остварен економски раст од 5,3 отсто. Во просек демократските претседатели оствариле просечен раст на БДП од 3,3 отсто, додека републиканците оствариле раст од 2,5 отсто. Најдобрата просечна лична потрошувачка била во корист на демократите со 3,8 отсто, наспроти 2,9 во времето на републиканците.
Стапката на невработеност растела во времето на републиканските претседатели и се намалувала за мандатот на демократите. Во просек републиканците остварувале просечна стапка на невработеност од 1,8, а демократите имале невработеност од 1,7 отсто, пренесува „Бизнис.рс“.
фото freepic