Економија
ДО НОВА ГОДИНА ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ИНТЕРКОНЕКТОРСКОТО ПОВРЗУВАЊЕ СО ГРЦИЈА
06.11.2024
До 20 ноември завршува тендерирањето за гасниот интерконектор со Грција. Очекувам до Нова година да се потпише договор и тој интерконектор да се заврши и веќе да работиме на северниот интерконектор со Србија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Одговорајќи на новинарски прашања по средбата во МАСИТ, Мицкоски истакна дека може да се очекува офанзива и во однос на патната инфраструктура. До крајот на годината, најави, ќе биде готов експресниот пат што ги поврзува Чатал и Страцин, Крива Паланка, кој е дел од Коридорот 8 и почнува проектирањето за делницата Куманово - Чатал.
Премиерот смета дека до крајот на годината ќе биде завршена и првата секција од пругата Куманово - Бељаковце од Корисоеорт 8. Кај Бељаковце - Крива Паланка, истакна, ќе има доцнење и ќе треба да се види што ќе се прави со изведувачите, но добро е што конечно има желба кај источниот сосед да се заврши заедничкиот тунел, поврзувањето со националната пруга на Бугарија, со што, дополни, ќе стенеме и патен, транспротен и железнички коридор.
Се работи, напомена, на сите страни, а почна и реализацијата на проектите преку општините каде има преку 2,1 - 2,2 милијарди денари за патна инфраструктура - булевари, улици,...
Извор/фото МИА