Економија
ФРАНЦУЗИТЕ ТРЕБА ДА РАБОТАТ ПОВЕЌЕ ЗА ДА ГО ОДРЖАТ СОЦИЈАЛНИОТ МОДЕЛ, изјавил францускиот министер за економија
06.11.2024
Француската влада денеска ги потврди очекувањата дека буџетскиот дефицит ќе порасне на 6,1 отсто од БДП во 2024 година, откако ги намали плановите за потрошувачката за да се покрие минусот од неочекувано слабите даночни приходи.
Владата во Париз беше принудена годинава да воведе итни мерки поради „негативата“ во јавните финансии. Проекциите за буџетот неколку пати беа ревидирани , а почетно беше проектиран дефицит од 4,4 отсто од БДП.
Новиот предлог буџет треба да ги покрие зголемените трошоци и за одржувањето на вонредните избори во Франција и да ги исплати бонусите за безбедносните сили кои биле ангажирани прекувремено за време на Олимписките игри во Париз.
Францизите треба да работат повеќе за да може земјата да го одржи својот социјален модел, соопшти неделава министерот за економија Антоан Арман, кој нагласил дека состојбата со француските јавни финансии е „исклучително загрижувачка“. Министерот се заложол за зголемување на бројот на работните часови во земјата, пренесува „Фигаро“.
фото freepic