Економија
ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО СЕ НАМАЛИ ПО ПОБЕДАТА НА ТРАМП
07.11.2024
Цените на златото вчера попладне се намали за 1,6 отсто и изнесуваше 2.700 долари за унца. Цената на златото се намали, а вредноста на доларот зајакна откако републиканскиот кандидат Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД, поради проценката на инвеститорите дека неговата политика може да го засили економскиот раст на земјата.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 154,05 на 154,50 јени.
Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0735 долари, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 1,0760 долари.
Еврото е под притисок поради политичката неизвесност во Германија, откако вчера канцеларот Олаф Шолц го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер, што доведе до колапс на владејачката коалиција.
Во фокусот на инвеститорите сега е седницата на американската централна банка и одлуката за каматните стапки и се очекува нивно намалување.
фото freepic