Економија

ЕУ Е НАЈГОЛЕМ УВОЗНИК НА СОЛАРНИ ПАНЕЛИ

Европската Унија е најголем светски увозник на соларни панели, а на оваа позици ќе остане до 2035 година, се наведува во најновиот извештај на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА). Учеството на технологијата за чиста енергија во вкупниот увоз ќе се зголеми на 35 отсто од 2035  година од минатогодишното учество од 10 отсто.

Домашното производство на саларни панели во ЕУ беше доволна за покривање на 15 отсто од побарувачката во 2023 година.  Соларните панели во ЕУ најмногу  се увезуваат од Кина, од земјите од југоисточна Азија и од САД.

Европското домашно производство е околу 7  GW годишно. Учеството на ЕУ во вкупниот производен  капацитет во светот е помалку од 1 отсто, објавија од ИЕА.

Според анализите направени во извештајот на ИЕА, светкиот капацитет за производство на соларни модули може да достигне до 1.695 GW во 2035.  Во 2023 година тој изнесува 1.115 GW, пренесува „Балкан Грин Енерџи Њуз“.

ПРЕПОРАЧАНО