Економија

ПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА НОСИТЕЛ НА ВИСОКИОТ РАСТ НА БДП НА СРБИЈА

За првите девет месеци годинава реалниот раст на БДП во Србија изнесува околу 3,9 отсто. Индустриското производство во овој период е зголеменo за 2,8 отсто, а во септември е забележан меѓугодишен раст на производството од 4,6 отсто. Трендот на индустриското производство продолжува да се движи во нагорна линија, се наведува во најновиот број на публикацијата „Макроекономски анализи и трендови“.

Наспроти негативните ризици кои доаѓаат од движењата кај најважните трговски партнери од еврозоната, растечкиот тренд на српската индустрија се должи на преработувачкиот сектор, односно на новите производни капацитети во Србија, пренесува „Политика“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО