Економија

РЕКОРДЕН РАСТ НА ЦЕНАТА НА ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 18 МЕСЕЦИ

Референтната вредност на цените на светските прехранбени производи во октомври годинава достигна највисоко ниво во последните 18 месеци. Поскапувањето на храната во светот е предводено со растот на цените на растителните масла за 7,3 отсто, објави Организацијата за храна и земјоделство во Обединетите нации (ФАО).

Индексот на цени за храна на ФАО, кој го следи промените на меѓународните цени на храната, во октомври изнесуваше 127,4 поени, што е за два проценти повеќе од септември годинава и за 5,5 проценти повеќе во однос на октомври 2023 година.

ФАО индексот на цените за житарките се зголеми за 0,9 отсто, а за оризот се намали за 5,6 отсто. Индија ги укина ограничувањата за извоз на оризот, што ја зголеми конкуренцијата за овој производ. Цената на шеќерот се зголеми за 2,6 отсто.

Индексот на цените за млечните производи се зголеми за 1,9 отсто во октомври, поради растот на цените на сирењето и путерот, а котациите за млеко во прав се намалија, пренесува Н1.  

ПРЕПОРАЧАНО