Економија
РЕФОРМИТЕ ВО ЕУ СТАНУВААТ „ПОИТНИ“ ПО ИЗБОРИТЕ ВО САД, посочува Марио Драги, поранешен претседател на ЕЦБ
09.11.2024
Економските реформи во Европската Унија станаа уште поитни по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, предупреди денеска Марио Драги, поранешен претседател на Европската централна банка и италијански премиер, политичар и економист, кој присуствуваше на неформалниот самит на ЕУ во Будимпешта.
На почетокот на септември Драги го објави извештајот за потикнување на растот во Европа.
- Препораките во овој извештај веќе беа итни, а по американските избори стануваат и поитни, изјавил Драги.
Како што е познато Трамп вети дека ќе се посвети на трговскиот суфицит на ЕУ и ќе воведе царини за европските производи.
Европа треба да го зајакне растот со големи инвестиции во дигиталните иновации, зелената транзиција и одбранбената индустрија.
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјавил дека предлогот содржи бројни подобрувања и иновации кои и се потребни на Европа, пренесе „Бизнис.ба“.
фото freepic