Економија
СРБИЈА ПЛАНИРА РАСТ ОД 4,2 ОТСТО ЗА СЛЕДНАТА ГОДИНА
10.11.2024
Во 2025 година Србија за отплата на камати и други придружни трошоци за задолжување ќе издвои 1,88 милијарди евра, покажуваат податоците од Предлог законот за буџет за следната година. Најголемиот износ од 1,1 милијарди евра се однесува за отплата на странските кредити.
Проектираната стапна на економски раст на Србија за 2025 година изнесува 4,2 отсто од БДП, јавниот долг е проектиран на 47,5 отсто од БДП, за капитални инвестиции се наменети 7,4 отсто од БДП за следната година, објави Н1.
фото freepic