Економија

ЕКСТРЕМНОТО ВРЕМЕ ПРЕДИЗВИКАЛО ЕКОНОМСКИТЕ ШТЕТИ ОД 2 БИЛИОНИ ДОЛАРИ

Екстремните временски услови во последните 10 години предизвикале штети во светот во износ од два билиони долари, се наведува во извештајот кој е нарачан од Меѓународната стопанска комора со седиште во Париз.

Според анализите на 4.000 екстремни настани поврзани со климата (од поплави до суши), само во последните две години економската штета достигнала 451 милијарди долари, пренесува „Гардијан“.

Соединетите Американски Држави претрпеле најголеми економски загуби во последната деценија  и тие изнесуваат 935 милијарди долари, следува Кина со 268 милијарди долари и Индија со 112 милијарди долари.

Во првите десет земји со најголеми загуби се и Германија, Австралија, Франција и Бразил, пишува „Политика“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО