Економија

УБАВА ВЕСТ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ЗА СЛЕДНАТА ГОДИНА, НО...

Германските пензии во 2025 година ќе се зголемат за 3,5 отсто, а предвидената стапка на раст ќе биде послаба од годинашната која изнесува 4,57 отсто, објавија од фондот за пензиско осигурување во Германија.

Меѓутоа, предлогот за зголемување на пензиите од идната година треба да биде ставен на дневен ред на германската влада, а можни се отстапувања од предвидениот раст на пензиите. Конечната одлука ќе зависи од економската конјуктура и растот на платите, пренесува агенцијата ДПА.

Финансирањето на пензискиот систем беше една од ставките за подготвувањето на буџетот, но и причина за распад на владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц. По излегување на ФДП од владејачката  коалиција, Шолц го  изгуби  парламентарното мнозинство, а веќе се најавуваат и вонредни избори за март следната година, пренесува „Инвеститор.ме“.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО