Економија
ОД 2025 ГОДИНА ВО СРБИЈА СЕ ПОМЕСТУВА ГРАНИЦАТА ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ
12.11.2024
Од 2025 година во Србија почнуваат да важат новите правила за пензионирање и од 1 јануари жените можат да одат во пензија под услов да наполните најмалку 63 години и десет месеци. До крајот на годинава старосната граница беше 63 години и осум месеци.
За да може осигуреникот да се стекне со правото на старосна пензија потребно е да го исполни условите за години на живот и стажот. Со прописите кои се на сила од 1 јануари 2015 година се променети условите за пензионирање. Треба да бидат исполнети двата главни услова: 65 години живот и најмалку 15 години осигурителен стаж или 45 години осигурителен стаж, без разлика на годините.
Оваа одредба за 65 години живот и најмалку 15 години стаж, целосно ќе се применува од 2032 година, бидејќи е предвиден преоден период за постепено усогласување со годините на старост, пренесува „Курир“.
фото freepic