Економија

ЕКСПЕРТИТЕ ПРЕДВИДУВААТ ДРАМАТИЧЕН ПАД НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА?

Цените на нафтата би можеле да доживеат драматичен пад во случај групата земји во ОПЕК+ да ја укине забраната за намалување на производството, се прогнозите на економските аналитичари.

- Постои поголем страв од цената на нафтата во 2025 година, за разлика од претходните години, изјави Том Клоз, од агенција за информирање за цените на нафтата ОПИС.

Евентуалниот пад на 40 долари по барел нафта би значело бришење на сегашните цени на сирова нафта. Глобалната референтна вредност на нафтата брент се тргува по 72 доалри за барел, а за американската околу 68 долари за барел.

Следната година растот на потрошувачката на нафта нема да биде поголем од 1 милион барели дневно, а со дополнителното зголемување на производството од ОПЕК+ ќе дојде до  голем пад на цената до 40 долари по барел, изјавил Хенинг Глоистеин, раководител за енергетика цо „Еуроазија Груп“, во изјава за ЦНБЦ.  

Експертите прогнозираат дека нафетниот сујуз од следната година ќе пристапи кон постепено  намалување на ограничувањето на производството на нафта.  Од почетокот на овој месец ОПЕК одлучи да го одложи планираното зголемување на производството на нафта до крајот на годината, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО