Економија

ГЕРМАНСКИТЕ ЕКОНОМИСТИ СО ПОСЛАБИ ОЧЕКУВАЊА ЗА РАСТОТ ВО 2025 ГОДИНА

Германскиот Совет на економски експерти очекува мошне низок раст на економијата за следната година, по овогодишниот пад.  Советот на експерти ја намалил прогнозата и предвидѕца дека БДП следната година ќе порасне за 0,4 отсто.

- Континуираниот слаб раст сугерира дека германската економија ја кочат циклични и структурни проблеми, се наведува во соопштението на Советот на експерти.

Претходно во прогнозите за германската економија се предвидуваше раст од 0,2 отсто во 2024 година и 0,9 отсто во 2025. Германската влада ја намали својата економска прогноза и годинава се очекува раст од 0,2 отсто.

Предвремените парламентарни избори во февруари ќе придонесат за општата економска неизвесност, во услови на намалување на производната вредност и на инвестициите. Заздравувањето на глобалната економија нема да придонесе за зголемување на германскиот извоз  во очекуваните проекции, сметаат германските економисти, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО