Економија

ПО ПЕРИОДОТ НА СТАГНАЦИЈА СКРОМЕН РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА ВО ЕУ

Економијата на Европската Унија ќе порасне за 0,9 отсто во 2024 година и ќе забрза на 1,5 отсто во 2025 година. За 2026 година се предвидува раст од 1,8 отсто, се наведува во есенската прогноза на Европската комисија, која е објавена денеска.

Во еврозоната се очекува економски раст од 0,8 отсто во 2024 година. За 2025 година се предвидува раст од 1,3 отсто и во 2026 година се предвидува раст од 1,6 отсто.

По подолг период на стагнација, економијата на ЕУ се враќа со скромен раст, додека продолжува трендот на намалување на инфлацијата, информираат од Европската комисија.


 фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО