Економија
ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО СРБИЈА СЕ ИСПЛАТЕНИ 2,2 МИЛИОНИ ЕВРА!
16.11.2024
Просечната цена на земјоделското земјиште во Србија во првото полугодие годинава била околу 7.900 евра по хектар. Цените за еден хектар се движеле од 400 евра до повеќе од 40.000 евра по хектар. Просечната цена за еден хектар во однос на истиот период 2023 година е повисока за 400 евра, објави Републичкиот геодетски завод.
За купродажбата на земјоделското земјиште биле платени 117,5 милиони евра. Во Војводина е направено најголемиот промет од 69 отсто од продажбата на земјоделското земјиште.
Најскапото земјоделско земјиште во Србија со површина од 115 хектари биле платени 2,2 милиони евра. Оваа парцела се наоѓа во белградската општина Палилула. Најскапиот квадрат за земјоделско земјиште е платен за парцела во Нови Сад, општина Руменка, по цена од 50 евра, пренесува „Политика“.
фото freepic