Економија

АМЕРИКАНЦИТЕ ЌЕ ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ЗА НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ

Потрошувачката за претстојните празници во САД ќе биде повисока од 2,5 до осум отсто, со што ќе продолжи и долгорочниот тренд за зголемена потрошувачка за новогодишните празници, прогнозираат економистите.

Прогнозите ги следат добриот економски раст, а реалниот бруто домашен производ на САД се зголеми за 2,8 отсто во третиот квартал.

Националната федерација за малопродажба прогнозира раст на празничната продажба од 2,5 до 3,5 отсто.

Цените во големопродажбата во САД во октомври пораснале за 0,2 отсто на месечно ниво и за 2,4 отсто на меѓугодишно. Ова значи дека продолжуваат притисоците на цените на ниво на производители, објави Канцеларијата за статистика на трудот, пренесува „Бизнис.рс“.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО