Економија

БЕЛГИЈА ПЛАНИРА РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ПОТФАТ ВО ОБНОВЛИВИТЕ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

Белгија планира револуционерен потфат во областа на обновливите извори на енергија преку изградба на вештачко енергетско острово.

Проектот под називот „Остров на принцезата Елизабета“ ќе има капацитет од 3,5 GW  и ќе биде сместен во Северното Море, на околу 45 километри од белгискиот брег.

Финансирањето на првата фаза од овој проект е обезбедено по пат на „зелен кредитен аранжман“ во вредност од 650 милиони евра, потпишан меѓу белгискиот оператор ЕТБ и Европската централна банка.

Овој пионерски проект има за цел намалување на зависноста на Белгија од фосилни горива.

Ова енергетско острово ќе биде завршено до 2027 година и ќе има потенцијал за снабдување над три милиони домаќинства со електрична енергија, пренесува „Екапија“.


фото freepic 

 

 

ПРЕПОРАЧАНО