Економија

ЗАКОНСКАТА МИГРАЦИЈА ДОСТИГНА НАЈВИСОКО НИВО ВО БОГАТИТЕ ЗЕМЈИ

Во 2023 година законската миграција во некои од богатите земји во светот го достигна највисокото ниво во историјата. Околу 6,5 милиони луѓе се преселиле во 38 земји членки на ОЕЦД. Ова е зголемување за десет отсто во однос на претходниот рекорд од шест милиони лица кои се преселиле во 2022 година, покажува извештајот на организацијата со седиште во Париз.

Најголем раст на бројот на доселеници има во Обединетото Кралство, со нето миграција од 750 илјади, а ова зголемување е потикнато со вработувањата во секторот за нега.

Растечкиот тренд за миграција на луѓето  се одржува со побарувачката за странски работници и за студирањето во странство. Третина од земјите во ОЕЦД бележат рекорди на нови доселеници, вклучително и во Канада, Франција и Јапонија.

САД прими 1,2 милиони постојани и легални доселеници.

Надворешната миграција, според економистите, им помогнала на богатите земји да заздрават од кризата по пандемијата, пренесува „Пословни дневник“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО