Економија

СРБИЈА ПЛАНИРА ДА СЕ ВКЛУЧИ ВО ИЗГРАДБА НА НАФТОВОД СО УНГАРИЈА

Србија планира да изгради нов нафтовод кон Унгарија за да ја намали зависноста од Јадранскиот нафтовод „Јанаф“, преку кој стигнуваат три четвртини од овој енергент до рафинеријата во Панчево. Прашањето за изградба на овој нафтовод  долг 200 километри го актуелизираше српскиот претседател Александар Вучиќ, на средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Новиот нафтовод би се поврзал со нафотовод „Дружба“ во Русија и кој во овој момент не е опфатен со санкциите на Европската Унија. Дубравка Џедовиќ, министерката за енергетика, ја нагласува важноста на овој алтернативен правец  заради намалување на трошоците за транспорт во однос на транспортот на нафта од хрватскиот нафтовод, пренесува „Политика“.  


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО