Економија
КИНА СТАНУВА ГЛОБАЛЕН ПРОИЗВОДИТЕЛ НА СТРУЈА ОД ВЕТЕРНИ ТУРБИНИ НА МОРЕ
18.11.2024
Кина во третиот квартал 2024 година на својата национална електрична мрежа приклучила ветерни електрани на море со капацитет од 39,1 милион киловати, со што го зазема првото место во светот.
Кина разви целосни технолошки и индустриски системи за производство на електрична енергија од ветерни електрани на површината на морето. Инсталираните капацитети на овој вид на ветерни електрани во Кина се зголеми од пет милиони киловати во 2018 година на 37,7 милиони киловати во 2023 година, што претставува 50 отсто од вкупниот глобален капацитет, пренесе „Инвеститор.ме“.
фото freepic