Економија

ПРОГНОЗИ НА ЕЦБ: ЕВРОЗОНАТА Е НА РАБОТ НА НОВА ДОЛЖНИЧКА КРИЗА!

Европската централна банка (ЕЦБ) предупреди на можноста за враќање на кризата со јавното задолжување во земјите од еврозоната, доколку буџетските дефицити не се покриени со економскиот раст, со што би се намалило нивото на јавниот долг.

Во годишниот Извештај за финансиската стабилност, кој е објавен денеска, од ЕЦБ ја истакнуваат  загриженоста  поради потенцијалните „пазарни сомневања за одржливост на јавниот долг“.

- Економските ветрови кои се против растот, како и слабата продуктивност, го прават зголемувањето на  нивото на долгот и буџетските дефицити се поостварливи, предупредуваат во ЕЦБ.

Макроекономските шокови можат дополнително да ги зголемат премиите за ризикот на државните обрзници, кои произлегуваат од слабите темели на економските показатели во неколку држави членки. Посебно загрижува рефинасирањето на државниот долг кој доспева за наплата  со високи каматни стапки, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО