Економија
ИФО: ПРЕДНОСТА НА ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА СЕ ТОПИ
22.11.2024
Во германската индустрија има најпесимистички прогнози за конкурентноста во групата од четири водечки економии во еврозоната, покажало истражувањето на економскиот институт ИФО.
- Конкурентноста на германската економија се влошила најмногу од почетокот на истражувањето во 1994 година, изјави Стефан Сауер, од ИФО.
Истражувањето се базира на оцените на 2.000 индустриски компании, во кое песимистичко расположение било искажано и од компаниите во Франција и Шпанија, но значително поблаго од просекот во Европската Унија и еврозоната. Во Италија оптимизмот во индустријата е во „маргинални граници“.
- Податоците покажуваат дека предноста на германската индустрија се топи, нагласува Сауер.
Во Германија големи и негативни оцени се искажани во сите индустриски сектори, а најмногу во секторот извоз и во енергетиката, пренесува „Индекс.хр“.
фото freepic